Вести Свет Топ вести

Иран ги доби првите наплатени такси од бродовите во Ормускиот теснец – по два милиони долари од брод

Комерцијалниот превоз низ Ормутскиот теснец е сериозно нарушен. Иранските власти велат дека првите приходи од такси веќе се уплатени во Централната банка. За сега нема никакви изгледи за продолжување на преговорите.

Иранските власти ги добија првите приходи од такси собрани од бродовите што транзитираат низ Ормускиот теснец и тие се префрлени на сметката на централната банка, информираше заменик-претседателот на парламентот Хаџи Бабаеи.

Иранските власти објавија дека ќе наплаќаат такса од два милиони долари за премин на бродовите низ теснецот, со цел да го истакнат својот „суверен режим“.

Откако иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави отворање на Ормускиот теснец за комерцијални бродови, Исламската револуционерна гарда ги повика бродосопствениците строго да ги следат иранските препораки и ги опиша изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп како „несигурни“.

Иранскиот протеран престолонаследник Реза Пахлави, кој се обидува да се позиционира за враќање на власт во Иран, претпоставува дека за кој било договор однесувањето на иранската влада може да се промени.

Тој веднаш по прес-конференцијата во Берлин беше потурен со црвена боја, а полицијата веднаш го уапси сторителот.

  • „Дури и да имаше некаков договор, не мислам дека ќе трае долго. Не мислам дека би бил корисен за стабилизирање на ситуацијата. Мислам дека режимот, како и секогаш, ќе се прегрупира и ќе врати некаков импулс за да продолжи со својата поддршка преку посредници и што и да е. И ќе видиме уште малку од истото. Ќе биде штета бидејќи во меѓувреме, Иранците сè уште се масакрираат. Светот е сè уште небезбеден. Регионот е сè уште нестабилен. Проблемите продолжуваат да се прелеваат во Европа“ – Реза Пахлави, син на последниот шах на Иран.

Вашингтон предупреди дека блокадата на пристаништата на Исламската Република ќе продолжи сè додека не се постигне конечен мировен договор. Пред околу една недела и Трамп ѝ наложил на американската морнарица да го „бара и да го забрани секој брод во меѓународни води што платил патарина на Иран“.

„Никој што плаќа нелегална патарина нема да има безбеден премин на отворено море“, рече тогаш Трамп. Тој посочи дека САД и Иран би можеле да наметнат такси на теснецот како „заеднички потфат“.

Ормускиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светскиот извоз на нафта и течен природен гас, останува затворен за повеќето комерцијални бродови по израелскиот и американскиот напад врз Иран кон крајот на февруари.

Билјана Ставрова

(фото) Иранскиот протеран престолонаследник Реза Пахлави испрскан со црвена течност

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе