Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е задоволен што Бугарија добила стабилна влада по вчерашните парламентарни избори. Муцунски најави дека веднаш штом ќе се формира новата влада во Софија, ќе преземат мерки и дејствија за развивање на дијалог.
Тој се надева дека е можно да се најде „соодветно, праведно решение кое ја потврдува нашата желба за напредок кон евроинтеграцискиот пат но земајќи ја во предвид и самопочитта кон нашиот идентитет, јазик и историја“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
