Свет

Шефицата на Европското обвинителство Лаура Ковеси пристигна во Бугарија

Европската главна обвинителка Лаура Ковеси денеска и утре е во посета на Софија.

По пристигнувањето во Бугарија, таа отиде на средба со министерот за правда Јанаки Стоилов. Главна тема на разговор со Стоилов треба да бидат испразнетите места за бугарски делегирани обвинители Бугарија има квота од 10 делегирани европски обвинители, но досега има номинирано само четворица.

Бугарија е првата земја што Кoвеси ја посети откако Европското обвинителство, предводено од неа, започна со работа на 1 јуни. Посетата на Ковеси доаѓа во време на граѓански протести во Бугарија со барање за оставка на главниот обвинител Иван Гешев и Вишиот судски совет. Демонстрантите носеа плакати на бугарски, романски и англиски јазик со кои ја повикуваа Ковеси да не верува во Иван Гешев, кого го нарекоа „мафијаш“ и извикуваа „Гешев е срамота!“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе