Вести Македонија Топ вести

Протест за полагање на правосудниот испит на албански

Со почеток во 12:30 часот, денеска во Скопје ќе се одржи протестен марш поради неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит, најави Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека протестот ќе започне од плоштадот „Карпошово востание“, а преку Камениот мост ќе заврши пред Министерство за правда. По оваа траса ќе има посебен режим на сообраќај.

На новинарско прашање во врска со најавениот протест, премиерот Христијан Мицкоски ги повика студентите да не дозволат да бидат алатка во рацете на една опозициска политичка партија. Тој најави дека група од уставни експерти веќе работат на решение.

-Можам да кажам прво дека овој протест, за жал ,гледам дека е силно поддржан од една опозициска политичка партија, којашто повеќе од 20 години не успеа да го реши тоа прашање и сега е, би рекол, лицемерно на овој начин да комуницира со јавноста. Второ, важно е да кажеме дека студентите своето високо образование го оформиле на својот мајчин јазик – албанскиот. Трето, претходната влада го донесе Законот за јазиците кој е предизвикан пред Уставниот суд, токму оној дел кој се однесува на правосудството. Четврто, имаме негативно мислење на Венецијанската комисија, којашто вели дека треба да се напушти двојазичноста во правосудството бидејќи има предизвици најчесто поврзани со владеење на правото и петто, ние како влада формиравме група на уставни експерти кои работат на решение коешто ќе биде и уставно, но и во согласност со меѓународните стандарди, така што јас ги уверувам студентите дека како што се изнајдоа многу решенија за многу предизвици и пропусти од минатото, така и за ова ќе се изнајде соодветно решение. Јас мислам дека тие тоа веќе го знаат и мојот апел е да не дозволат да бидат алатка во рацете на политичка партија која уште живее во времето на минатиот век“,рече Мицкоски .

Додека градоначалникот на Чаир Изет Меџити повика на поголема свесност кај политичките и општествените актери, оценувајќи дека станува збор за прашање кое бара системски пристап.

Според него протестот не треба да се гледа како политизација, туку како повик за подобри законски решенија и долгорочни институционални политики.

Протестот е повик за освестување за сите политички и општествени актери кои треба да придонесат за подобри решенија. Студентските протести секогаш се аларм за појави во општеството кои политичките структури имаат обврска да ги третираат целосно“, вели Меџити.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до трговците: Кризата заврши, намалете ги цените на прехранбените производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе