Вести Свет

Стотици апсења по голема меѓународна операција против организиран криминал

Стотици апсења се извршени низ целиот свет за време на масовна операција против организираниот криминал. Во акцијата учествувале полицајци од Европа, САД, Австралија и Нов Зеланд. Илјадници шифрирани пораки меѓу криминалците биле дешифрирани во реално време три години.

Апсењата се извршени откако австралиската федерална полиција и ФБИ тајно ги следеле комуникации меѓу фигури на криминалниот свет.

Во операцијата учествуваа и националните полиции на неколку европски земји и Нов Зеланд. Сите тие три години успеаја да дешифрираат илјадници шифрирани пораки во мрежите на сите видови криминалци, соопшти австралиската полиција. Новозеландската полиција ја опишува операцијата како најсофистицирана досега против организираниот криминал.

Акцијата беше наречена Тројански штит. Исто така им дозволи на истражителите од 16 земји да ги следат членовите на мафијата, азиските криминални синдикати и банди на моторизирани криминалци.

Следењето на пораките се случило преку апликација наречена АНОМ, која ја користеле криминалците ширум светот за да комуницираат кодирано, но која била де факто контролирана од ФБИ. Информациите меѓу криминалците се однесувале на планови за убиства, трговија со дрога и оружје. Апликацијата е инсталирана на мобилни телефони кои немале никакви други функции и прифатени од криминалците.

Според австралиските медиуми, полицајци биле вклучени во делењето на овие телефони на озлогласени криминалци.

Само во Австралија, за време на операцијата, биле извршени 224 апсења во сите делови на земјата. Во Нов Зеланд се приведени 35 лица, за трговија со дрога и перење пари. Само во Нов Зеланд, повеќе од 300 полицајци биле вклучени во операцијата, 900 лица беа обвинети, а запленети беа 2,6 милиони американски долари.

Во Австралија беа одземени околу 3,7 тони дрога, повеќе од 100 парчиња огнено оружје, скоро 45 милиони австралиски долари. Против уапсените беа покренати 525 обвиненија.

Се очекуваат уште апсења и обвиненија што ќе бидат поднесени во наредните денови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Украина може на долг рок да ја надмине Русија во производството на високотехнолошко оружје

Дејан Дејан

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош

Дејан Дејан

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе