Вести Свет Топ вести

Трамп: Операцијата во Иран може да трае уште две до три недели

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се обиде да го минимизира влијанието на војната со Иран врз трошоците за живот во Соединетите држави, во период кога гневот на јавноста станува се поизразен. Трамп инсистира дека цените брзо ќе почнат да паѓаат откако ќе заврши операцијата во Иран, а тој очекува таа да трае уште две до три недели.

Сѐ што е потребно е да го напуштиме Иран, а тоа ќе го направиме набрзо, и тие ќе почнат да паѓаат. Берзите денеска пораснаа за речиси рекордно бидејќи знаат две работи. Прво, имаме безбедна држава. Моравме да одиме по заобиколниот пат бидејќи имаше еден лудак со име Хомеини, кој за жал повеќе не е меѓу нас. Веќе го сменивме и режимот, го неутрализиравме првиот режим, потоа и вториот. Сега имаме група на луѓе кои се многу поразлични, тврди американскиот претседател.

Изјавата на Трамп следуваше по пораките на иранскиот претседател Махсуд Пазешкијан дека Исламската република ја има неопходната волја да ја заврши војната, доколку добие гаранции дека овој конфликт нема повторно да се разгори.

Изјавите на двајцата претседатели имаа позитивен ефект врз цената на нафтата на светските берзи, која забележа редок пад под 100 долари за барел, одржувајќи се над таа линија од почетокот на војната.

Но, со тврдењата на американскиот претседател за брз пад на цените не се согласуваат ниту експертите, ниту останатите светски политичари.

Оваа ситуација се заканува да наметне дополнителни трошоци врз нашите индустрии и домаќинства. Не треба да имаме илузии дека последиците од оваа криза врз енергетските пазари ќе бидат кратки, бидејќи нема да бидат. Затоа е исклучително важно да преземеме чекори заедно и во тесна координација, за да избегнеме фрагментирани национални мерки и нарушувачки сигнали до пазарите, оцени еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е главниот двигател зад продолжената војна на еврејската држава против Иран и милитантните организации кои тој ги поддржува во регионот, величејќи ги воените успеси на Тел Авив изминативе речиси две и половина години, оцени дека Исламската држава повеќе не претставува егзистенцијална закана за неговата држава, и Израел значително ја подобрил својата безбедносна состојба во регионот.

Воспоставивме длабоки безбедносни зони околу нашите граници, во Газа на повеќе од половината од појасот, во Сирија од Хермон до Јармук, а во Либан широка зона која ја неутрализира опасноста од инвазија и ја оддалечува заканата лансирање противтенковски ракети врз нашите заедници, изјави нетанјаху.

Но, тоа не значи дека интензитетот на војната се намалува. Воздушните нападите врз Иран продолжуваат, како и нападите на Исламската република врз нејзините соседи и американски сојузници во Заливот. Во исто време, опсегот на израелската операција во Либан не посочува дека Тел Авив се подготвува набрзо да ја заврши.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе