Свет

Пахор: Во Словенија нема политичка криза туку „состојба на зголемена политичка неизвесност“

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека државата не е во политичка криза и дека евентуалните предвремени избори што ги бара опозицијата ќе ја намалат способноста на земјата да се докаже како успешно претседателство со Советот на Европска Унија.

Не сме во политичка криза затоа што функционираат сите институции, изјави Пахор за Словенечката телевизија, истакнувајќи дека поради нестабилното и неизвесно владејачко мнозинство во Парламентот, станува збор за „состојба на зголемена политичка неизвесност“, а не за политичка криза.

Тој осврнувајќи се на критиките кон владата на Јанез Јанша за наводната контрола врз медиумите и неназначувањето делегирани обвинители во Европското јавно обвинителство (ЕППО), Пахор наведе дека сака да мисли дека Владата може да ги реши овие проблеми до почетокот кога Словенија ќе го преземе претседателствувањето со ЕУ на 1 јули.

Пред два дена во Брисел, по состанокот со европските лидери, Пахор посочи дека до почетокот на словенечкото претседателствување со ЕУ, Владата во Љубљана треба да реши два проблема кои неодамна беа мета на критики од домашните јавноста – одбивањето да се назначат двајца обвинители во новото Европско обвинителство и буџетското финансирање на словенечката новинска агенција СТА.

Словенечката министерка за правда Лилијана Козловиќ поднесе оставка на крајот на мај поради одлуката на Владата да ја поништи постапката за назначување на двајца обвинители делегирани во ЕУ. Словенечката опозиција со месеци бара смена на Владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе