Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хари и Меган по вторпат станаа родители, нивната керќа ќе го носи името и на принцезата Дајана

/

Свет

Сподели преку :

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Меркл по вторпат станаа родители. Нивната керќа ќе го носи името Лилибет Дајана Маунтбатон-Виндзор.

Нејзиното прво име, Лилибет, е во чест на нејзиното височество Кралицата. Нејзиното средно име е во чест на нејзината баба и мајката на Хари, принцезата Дајана. Бебето е осмо по ред до британскиот трон.

Новороденчето и мајката се чувствуваат добро и веќе се во својот дом.

Синот на Принцот Хари и Меган Меркл, Арчи минатиот месец наполни две години.