Вести Свет

ЕУ со план да го држи Ормутскиот теснец отворен

Европската унија (ЕУ) би можела да ја прошири својата поморска мисија за заштита на бродовите во Црвеното Море до Персискиот Залив или да формира коалиција на т.н. „подготвени“ земји-членки што придонесуваат со воен капацитет на ад хок основа. Ова се опциите на кои размислува ЕУ за да може да го одржува Ормутскиот теснец отворен, а кои се разгледуваат на состанокот на министри за надворешни работи на Европската унија во Брисел кои ќе разговараат за случувањата на Блискиот Исток и во Украина.

„Ако сакаме да имаме безбедност во овој регион, тогаш би било најлесно веќе да ја користиме операцијата што ја имаме во регионот и можеби малку да промениме. Исто така, се зборува за коалиција на оние што се подготвени во овој поглед, но, исто така, треба да видиме што би можело да биде најбрзо за да се обезбеди ова отворање за Ормутскиот теснец, но секако, како што можете да видите, не е лесно“, изјави Калас.

Калас упати критика на одлуката на американскиот претседател за олеснување на санкциите за руската нафта како опасен преседан, велејќи дека случувањата на Блискиот Исток не смеат да го одвлечат вниманието од Украина и оти во моментов потребни се помалку пари, а не повеќе, за водење војна.

„И секако, затворањето на Ормутскиот теснец е, исто така, во корист на Русија за финансирање на оваа војна. Затоа, дефинитивно треба да направиме повеќе во врска со ова“, додаде високата претставничка за безбедносна и надворшена политика на ЕУ.

Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, пак, пред министерскиот состанок ги повика САД и Израел да обезбедат поголема јасност на нивната операција против Иран.

„Првично, ќе биде важно САД и Израел да утврдат кога сметаат дека воените цели на нивната операција се постигнати. Нѝ треба поголема јасност во врска со ова. Веќе го ставив ова јасно до знаење во моите разговори со мојот колега Гидеон Сар и со Марко Рубио“, рече Вадефул.

Истовремено Вадефул го оцени режимот во Иран како значителна опасност за регионот, слободата на превозот и глобалната економија, велејќи дека таа опасност не смее да продолжи, согласувајќи се по тоа прашање целосно со Израел и САД.

„Затоа денес се залагам и за санкции против оние што се одговорни за блокадата на Ормутскиот теснец, за да испратам јасен сигнал за поддршка на нашите партнери во Заливот, но и затоа што блокадата предизвикува светски шокови“, рече Вадефул.

Америка побара помош од други земји за да се одржи Ормутскиот теснец отворен, додека Иран изјави дека теснецот е отворен за сите освен за САД и нивните сојузници.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе