САД сакаат да ја поделат Европа за да ја спречат да стане нејзин конкурент, изјави шефицата на европската дипломатија и поранешна естонска премиерка, Каја Калас.
Во интервју за „Фајненшл Тајмс“ објавено вчера, Калас ги обвини САД дека се обидуваат да „забијат клин“ меѓу европските сојузници по прашања како што се трговијата и односите со Кина.
„САД сакаат да ја поделат Европа“, рече Калас. „Тие сакаат да бидат сигурни дека Европа не е обединета, бидејќи обединета Европа е силна Европа, а силна Европа е конкурент на САД“.
Таа додаде дека САД, исто така, се обидуваат да ги поткопаат европските напори за градење на сопствени одбранбени капацитети. Според неа, Вашингтон сака Европа да остане зависна од Америка во безбедноста.
