Вести Свет Топ вести

Во Израел на повидок нова влада, крај на владеењето на Нетанјаху

12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху како премиер на Израел се ближи до крајот. Доцна синоќа, опозицискиот лидер Јаир Лапид успеа да го надмудри својот ривал, со тоа што постигна договор со осум партии за формирање на коалициска влада. Во неа влегува партијата „Бело-Сино“ на поранешниот министер за одбрана Бени Ганц, кој е центрист, како и Лапид. Имаше големи несогласувања до последна минута. Осум партнери со ртазлични политички правци, но единствени во целта да го отстранат Нетанјаху од премиерското столче.

Во текот на последната кампања, а исто така и за последните два месеци, повторив и ветив дека Лабуристичката партија ќе вложи максимални напори да формира влада што ќе го замени режимот на Нетанјаху. Имаше денови кои беа многу, многу незгодни. Денес , успеавме, испишавме историја, го одржавме ветувањето, изјави Мерав Мешаели, претседател на Лабуристичка партија, која е дел од новата коалиција.

По тешките преговори дел од коалицијата ќе биде и ултрадесничарската партија Јамина на Нафтали Бенет, кој по изборите во март всушност беше клучниот играч за тоа каде ќе превагне политичката моќ. Договорено е да има ротација на премиерската позиција. Првите две години на премиерското столче ќе седи Бенет, кој е актуелен министер за одбрана. Следните две ќе го замени Лапид, кој во меѓувреме го презема Министерството за надворешни работи.  По објавувањето на необичната коалиција, израелците се поделени во мисењата.

 Никогаш не сме имале ваква влада, ваква коалција. Голема е надежта дека ќе има промена, поради политичката атмосфера и „главниот“ знаете, премиерот кој е корумпирана личност, тој и неговото семејство.

 

И верувам на десницата и Нетанјаху дека ќе се врати на власт, ќе се врати да ја води државата. Ова е само декор за месец, два, нема да трае.

Бенет, кој сака да го припои поголемиот дел од окупираниот Западен Брег, е идеолошки многу поблизу до Нетанјаху отколку до Лапид, поранешен ТВ-водител на вести, популарен во секуларната средна класа во земјата. Со оглед на различните политички цели, оваа коалиција стои на стаклени нозе. Ќе треба да биде изгласана со мнозинство во Кнесетот за десетина дена, оставајќи му подотворена врата на Нетанјаху да ги убеди пратениците да не ја поддржат. Аналитичарите тврдат дека ниту еден рационален политичар не треба да ја потцени неговата немилосрдност за да ја задржи функцијата.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одново почна судењето на кумановката која прегази 76 годишен човек во Скопје

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе