Вести Свет Топ вести

Во Кина потврден првиот случај на човек заразен со птичји грип

Кина го потврди првиот случај на зараза со редок сој на птичји грип. Официјални лица не кажаа како 41-годишниот маж се заразил, но се верува дека сојот Х10Н3 не се пренесува лесно од човек на човек.

Случајот бил откриен минатата недела и заразениот жител на провинцијата Џијангсу во меѓувреме оздравел и бил пуштен од болница. При следењето на контактите властите не откриле други случаи на зараза.

Постојат многу соеви на птичји грип и повремено се случува луѓе кои работат со живина да се заразат.

„Во светот не се откриени случаи на зараза со Х10Н3. Ова е пример на повремено пренесување на вирус од живина на човек и ризикот од големо ширење е крајно мал“, соопшти Националната здравствена комисија на Кина.

Светската здравствена организација додаде дека во моментов нема назнаки дека има пренесување на вирусот од човек на човек.

Последното сериозно ширење на птичји грип се случи во 2016 и 2017 година, кога од сојот Х7Н9 починале околу 300 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Договорен сум за прием на два пилота, ги повикувам сите останатите со над 400 часови летање да дојдат да поразговараме

Sasko Dimovski

Ангелов: Моја цел е набавка на уште три Ер трактори

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе