Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Хаменеи загинал во вчерашните американски и израелски напади врз неговата резиденција во Техеран, потврдија иранските власти.
Иако во текот на вчерашниот ден постојано се појавуваа конфликтни информации за судбината на Ајатолахот, кои кулуминираа со синоќешната објава на американскиот претседател Доналд Трамп дека Хамеини бил ликвидиран, теократскиот режим инсистираше дека врховниот лидер е безбеден.
Утринава Техеран не само што потврди дека Хамеини бил убиен, туку во нападите загинале и неговата ќерка, зетот и внукот.
Покрај Хомеини, во вчерашните напади биле ликвидирани и командантот на Исламската Револуционерна гарда, Генералот Мохамед Пакпур, шефот на Генералштабот на иранската армија, Абдулрахим Мусави, и уште околу 40 високи функционери на режимот.
