Економија

Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС -95  ќе изнесува 67,50 денари, 69,5 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС -98,  а 60 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V).  Екстра лесното 1 (ЕЛ-1)  и натаму ќе се продава по 59 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 денари за килограм и ќе изнесува 33,881 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,62  проценти во однос на одлуката на РКЕ од 25 месецов.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,853 проценти, дизелот за 1,775  проценти и екстра лесното масло за 1,822 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,395 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,262 проценти, наведува Регулаторната комисија за енергетика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе