Поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон, е пуштен со кауција по апсењето во рамки на истрага за можно несовесно вршење јавна функција поврзана со неговите контакти со сега починатиот финансиски менаџер Џефри Епстин.
Од Метрополитен полицијата во Лондон соопштија дека 72-годишен маж бил приведен под сомнение за злоупотреба на службена положба, а потоа ослободен додека трае истрагата.
Апсењето следува неколку дена по приведувањето на поранешниот принц Ендрју, кој исто така е под истрага поради наводни врски со Епстин. Британските власти ги сомничат дека можеби несоодветно споделувале доверливи владини информации со Епстин, по објавувањето на милиони документи поврзани со случајот од страна на американското Министерство за правда.
