Вести Свет

Остатоци од 215 тела на деца пронајдени во канадско училиште

Масовна гробница со остатоци од 215 домородни деца е откриена на територијата на некогашен интернат во западна Канада, во провинцијата Британска Колумбија. Станува збор за ученици од училиште за домородни деца, а нивните остатоци се пронајдени со помош на специјален радар.

Некои пронајдени остатоци им припаѓаат на деца на возраст од три години, но причините и времето на нивната смрт се уште не се познати. Училиштето работело под раководство на Римокатоличката црква од 1890 до 1978 година.

Шестгодишна истрага за канадскиот интернатски систем, преку која минале најмалку 150.000 домородни  деца, на возраст од 4-15 години, насилно одвојувани од семејствата, во 2015 година откри дека системот, кој во меѓувреме бил укинат, вршел „културен геноцид“, во кој емоционалната и сексуална злоупотреба, како и присилната работа, биле широко распространети. На децата им било забрането да го зборуваат мајчиниот јазик и да ги прават културните обичаи. Во истите документи се споменува дека учениците биле изложени на епидемии на сипаници, туберкулоза, грип и други заразни болести, при што многу од нив починале.

За канадскиот премиер Џастин Трудо, случајот е болен потсетник на срамното поглавје од историјата на Канада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР поднесе кривична пријава против осуммина вработени во Државниот инспекторат за труд за трагедијата во „Пулс“

Tea Dimkovska

МВР без одговор дали има кривична пријава за избоденото момче во Ченто

Tea Dimkovska

Крави и коњи цела недела шетаат по градските улици во Тетово – никој не знае чии се

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе