Економија Топ вести

Протестот во „Алкон-текст“, работничките си ги бараат неисплатените плати

50 тина работнички од штипската конфекција  „Алкон-текст“ на протестот си ги побараа неисплатените  плати. Речиси два месеци се на принуден одмор, имаше и работнички кои  треба да заминат во пенизија за неколку месеци, бремени и млади. Порачаа дека не ги потпишуваат документите за да бидат префрлени во друга фирма.

Од објектот излезе претставник на конфекцијата, пред која се протестираше, со забелешка дека работничките и новинарите биле ненајавени и неинформирани оти фирмата Алкон текст од април не е закупец на овој простор.

Синдикатите и „Гласен Текстилец“ повикаа институциите да го проверат случајот со префрлање на капиталот од една во друга фирма.

Работничките до крајот на неделата ќе протестираат пред фабриката, а од понеделник ќе одлучат што друго ќе преземат.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Девојче се обидело да се самоубие не можејќи да го трпи малтретирањето од таткото

Дејан Дејан

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе