Uncategorized Вести Македонија Најважни

ССМ почнува со блокади – прва институција е Собранието

Блокада на Собранието и генерален штрајк се двата следни чекора што ги најави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) по завчерашниот протест во Скопје. На Владата ѝ порачаа дека во понеделник ќе го потпишат колективниот договор за зголемување на минималецот на 600 евра, но од овој месец, а не за две години.

Првата блокада ќе биде следната недела, а ќе се блокира работењето на Собранието и пристапот на пратениците кај кои една година стојат законските измени за зголемување на минималецот.

Од ССМ ги повикаа сите работници во јавниот и во приватниот сектор да се приклучат на генералниот штрајк кој ќе се организира, но не го соопштија терминот.

Премиерот Мицкоски, пак, вината ја лоцира кај ССМ кои одбиваат да потпишат нов договор.

На прозивките од владеачката партија дека тој и УПОЗ се виновни што работниците нема да добијат 600 евра минимална плата во 2028 година, Трендафилов им реплицираше дека во моментов е 2026 година и им порача да се „вратат во реалност“.

За тврдењата на гувернерот Славески дека 600 евра минималец е популистичко барање, од ССМ му одговорија дека за разлика од 1.600 денари повисок минималец од април тој од следниот месец ќе има за 300 евра повисока плата.

Според ССМ, именувани раководни лица во „Македонски пошти“ и во „Тутунски комбинат Прилеп“ им се заканувале на вработените со отказ и казни, доколку го поддржат или учествуваат во завчерашниот протест.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе