Граѓаните добија народен правобранител. За изборот на Фатон Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците што припаѓаат на заедници што не се мнозинство, 28 беа „за“, осум „против“.
Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и нотарски испит.
Мандатот на Насер Зибери, претходник на Сељами, истече на 12 јули минатата година бидејќи на тој ден исполнил услови за пензионирање.
Изборот следи откако институцијата остана без потписник, а по Нова година и можноста да се исплаќаат плати. На изборот му претходеше средба Гаши со кродинаторите на пратеничките групи.
