Најважни Свет

ЕУ внимателна околу Гренланд

Лидерите на Европската Унија одржаа состанок во Брисел посветен на идните трансатлантски односи, откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од заканите дека ќе преземе контрола врз Гренланд.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека европската солидарност и единство довеле до позитивна промена и дека ситуацијата околу Гренланд е „значително подобра отколку пред 24 часа“.

Трамп претходно се откажа од идејата за „преземање“ на Гренланд со сила и од заканите за воведување царини за европските земји што ја поддржуваат Данска… Како сигнал дека Европа сериозно ја сфаќа безбедноста, ЕУ распореди мал контингент војници во Гренланд за извидувачка мисија и подготовка на идни вежби.

Во исто време, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изрази „сериозни сомнежи“ за иницијативата на Трамп – Одборот за мир, особено за неговата улога во Газа и пошироко.

Тој нагласи дека ЕУ ќе продолжи да работи за мир преку Обединетите нации и Советот за безбедност, а не преку паралелни структури, додека соработката со САД ќе продолжи во рамки на меѓународното право.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе