Ракомет Спорт Топ вести

Костески со звукот на сирената: Победа на Македонија против Романија на ЕП 2026

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Романија со минимални 24-23 во рамки на последното 3.коло од групната фаза на Европското првенство. Херој на нашиот тим вечерва беше крилото Ненад Костески, кој погоди за победа буквално во звукот на сирената.

Македонија одигра фантастична одбрана во првиот дел и тргна фуриозно – поведе со 4-0. Романците до првиот гол стигнаа дури во 11. минута, и тоа од пенал. Предноста на нашиот тим потоа се движеше меѓу два и четири гола, а највисоките +5 ги имавме по серијата 3-0 за 12-7. На полувремето Македонија водеше со 13-9, пред сè благодарение на цврстата „5-1“ одбрана.

Никола Митревски на голот имаше само две интервенции, но бројката „само седум примени голови“ во првите 30 минути најдобро говори колку дисциплинирано и агресивно делуваше одбраната против Романците.

Иако второто полувреме го отворивме со предност од пет гола, Македонија не успеа да го задржи истото ниво од првиот дел. Нашиот тим го контролираше резултатот, но водството најчесто беше меѓу два и три гола, бидејќи Романците го поправија нападот и значително ги намалија техничките грешки. Ние, пак, влеговме во „празен од“ во офанзива, паднавме енергетски и со тоа му дадовме шанса на ривалот да се врати во игра во последните десет минути.

Романија направи серија од 3-0 и израмни на 22-22 во 56. минута. Македонија цели шест минути не успеа да постигне гол, па Филип Кузмановски од пенал конечно го врати водството на околу 40 секунди до крајот. Сепак, Романците погодија за 23-23 на седум секунди пред последниот свиреж, но драмата не заврши тука.

Во последниот напад Македонија тргна брзо, топката стигна до Ненад Костески, кој со звукот на сирената реализираше за голема победа – 24-23.

Капитенот Филип Кузмановски беше лидер во нападот со девет голови, херојот Ненад Костески финишираше со четири, Игор Ѓоргиев и Марко Митев постигнаа по три. Мартин Томовски имаше пет интервенции на голот, а Никола Митревски имаше две. 

Македонија не мина во следната фаза со 3 бода. Понатаму одат Португалија и Данска. Португалците вечерва ја изненадија Данска со 31-29 и ќе пренесе 2 бода во следната фаза.

Вечерашниот триумф секако е важен за нашиот рејтинг и ждрепката за баражот за пласман на Светското првенство идната година. Македонија ќе го задржи фаворитскиот статус и ќе игра само еден бараж за место на Мундијалот во 2027 година.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски во Топ Тема откри дека неговите истражители во МВР се фрапирани од одлуката на Обвинителството да не продолжи постапката за „мазутот“

Дејан Дејан

Тошковски за наводната „шпионска афера“: Обвинителството го наруши принципот на тајност на постапката

Дејан Дејан

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе