Вести Локални избори 2025 Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ победи во Маврово-Ростуше, НАИ во Врапчиште и кандидатот на ДПТМ во Центар Жупа

Државната изборна комисија ги соопшти првичните и неофицијални резултати од денешните локални избори во четирите општини во Македонија.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Маврово, Онер Јакуповски, освои најмногу гласови од граѓаните, повеќе од двојно повеќе од кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Анес Ахмети.

Во Врапчиште, за кандидатот на Националната Алијанса за Интеграција, Исен Шабани, гласале повеќе од 61 процент од граѓаните со право на глас, пред независниот кандидат Зуљхајрат Демири.

Во Центар Жупа, единствен кандидат беше Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците во Македонија, Аријан Ибраим, кој ја добил поддршката на 97% од гласачите кои излегле на гласачките места.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Не смееме да оставиме впечаток за конфликт меѓу обвинителството и МВР, рече Савески во врска со наводната шпионска афера во претседателскиот Кабинет

Sasko Dimovski

Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе