Вести Култура

Филмот „ Не плачи душо“ на режисерот Радован Петровиќ доби најмногу пари од Агенцијата за филм во вториот рок од ланскиот конкурс

Агенцијата за филм ги објави резултатите од вториот рок на конкурсот од 2025 година за поддршка на анимирани, документарни и играни, долгометражни и краткометражни филмови. Поддржани се вкупно 20 проекти со сума од 97милиони 300 илјади денари или околу 1, 6 милиони евра.

Во категоријата што влече најмногу пари- долгометражни играни филмови со македонски мнозински удел, поддржани се 4 проекти. Најмногу средства-18 милиони и 500 илјади денари или 300 илјади евра му се доделени на филмот „ Не плачи душо“ на сценаристите Катерина Митровиќ и Радован Петровиќ, кој воедно е и режисер на филмот. А, најмалку пари- 15 милиони денари или околу 245 илјади евра доби филмот „ Патници “ на режисерот Николче Поповски.

  • Согласно Законот за филмска дејност, Управниот одбор на Агенција за филм на Република Северна Македонија на седница одржана на 26.12.2025 година ги донесе одлуките за прифатени и одбиени проекти по Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2025 година, во втор рок на одлучување, велат од Агенцијата за филм.

Поддржани се и 4 долгометражни играни филмови со македонски малцински удел. Во оваа категорија најмногу средства- 3 милиони денари или околу 49 илјади евра се одобрени за филмовите „ 8 Март- Меѓународен ден на жената“, на сценаристите Румена Бужаровска и Срѓан Драгојевиќ и „ Штом падне ноќ“ на Ереник Беќири и Марија Апчевска.  Најмалку пари, во висина од 2 милиони и 500 илјади денари или 40 илјади евра има за „ Југослава“ на режисерот Иван Бакрач.

Во категоријата долгометражни документарни филмови со македонски мнозински удел, поддршка добија два проекти, а доминира финансирањето на проектот „ Ја убивам за филм“ на режисерот Ивица Димитријевиќ, со одобрени 2 милиони денари или 32, 5 илјади евра.

Иста сума Агенцијата за филм ќе даде за 2 остваувања од категоријата  краткометражни играни филмови со македонски мнозински удел. Се работи за проектите „ Тивко бело“ на режисерката Лидија Мојсовска и за „ Светлината на сонцето“, во режија на Висар Вишка. Најмала поддршка од 1 милион денари или 16 илјади евра овдека имаат филмовите „ Влез “ и „Туѓина“ на режисерките Тина Величковиќ и Ана Јакимска. А, од два поддржани краткометражни документарни филмови со македонски мнозински удел, доминира поддршката за „ Белешки кон една непремостива хроника“ на режисерката Кумјана Новакова. Филмот ќе добие 1милион и 500 илјади денари или 24 илјади евра.

Во вториот рок од конкурсот не се поддржани анимирани остварувања.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата повторно го враќа Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе