Доналд Трамп го обвини колумбискиот претседател Густаво Петро за производство и извоз на кокаин во Соединетите Американски Држави Колумбиската влада запленува рекордни количини на дрога и уништува лаборатории за нејзино производство.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Колумбија ја води „болен човек“, обвинувајќи го претседателот на земјата, Густаво Петро, за производство и продажба на кокаин во САД, тврдејќи дека „тоа нема да трае долго“, додавајќи дека интервенцијата на САД во таа земја „му звучи добро“.
Според аудио-снимката од разговорот на Трамп со новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, на прашањето на новинарот дали ова значи можна американска операција во Колумбија, Трамп одговорил „ми звучи добро“.
За Колубискиот претседател овие изјави на Трамп се „нелегитимна закана“, Петро на X, додаде дека внимателно ќе размисли што значат тие.
Тој претходно изјави дека неговата влада запленува невидени количини кокаин, а минатиот месец го покани Трамп да ја посети Колумбија, најголемиот производител на кокаин во светот, за самиот да се увери во напорите на властите да ги уништат лабораториите за дрога.
Во текот на викендот пак, Петро ја нарече акцијата на САД во Венецуела „напад врз суверенитетот“
Colombia “is run by a sick man” says Donald Trump, as he appears to suggest Colombia could be on the wrong end of a US operation following the one carried out in Venezuela pic.twitter.com/shrPuZTUwM
— Sky News (@SkyNews) January 5, 2026
