Вести Свет

Кина ги повика САД да го ослободат претседателот на Венецуела, Мадуро

Кинеското Министерство за надворешни работи  ги повика САД да го ослободат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, по неговото апсење од страна на американските сили. Во емисијата на кинескиот државен медиум CCTV, Кина ги опиша постапките на САД како „јасно кршење на меѓународното право“.

Кина ги повикува САД да ја обезбедат личната безбедност на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, веднаш да ги ослободат, да престанат со соборување на владата на Венецуела и да ги решат проблемите преку дијалог и преговори“, стои во соопштението.

Часови по смелата воена операција со која Мадуро беше симнат од власт и отстранет од земјата, претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат Венецуела барем привремено и ќе ги искористат нејзините огромни резерви на нафта за да ги продаваат на други нации.

Драматичната акција го заокружи интензивниот притисок на администрацијата на Трамп врз јужноамериканската нација и нејзиниот автократски лидер и месеци тајно планирање што резултираше со најагреивната американска акција за постигнување промена на режимот од инвазијата на Ирак во 2003 година.

Мадуро и неговата сопруга, киднапирани преку ноќ од нивниот дом во воена база, прво беа однесени на американски воен брод на пат да се соочат со гонење за обвинението на Министерството за правда во кое се обвинети за учество во заговор за нарко-терористички дејствие.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе