Американскиот претседател во интервју за порталот „Атлантик“ ја бранеше својата одлука за апсење на Мадуро, велејќи дека „реставрација или промена на режимот, како и да ја наречете, се подобри од она што го имаме таму во моментов. Не може да биде полошо“.
Трамп, исто така, рече дека и други земји, особено Гренланд, би можеле да бидат цел на интервенција на САД.
„На другите е сами да проценат што значи американската воена акција во Венецуела за Гренланд. Апсолутно ни е потребен Гренланд. Потребен ни е за одбрана“, рече тоj за островот, кој е дел од Данска, која е членка на НАТО.
