Вести Свет

Ликвидирани повеќето телохранители на Мадуро во акцијата за негово апсење

Голем дел од личното обезбедување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро беше убиен во американската операција за негово апсење, изјави венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино.

Тој уште еднаш побара ослободување на Мадуро и го осуди „ладнокрвното“ убиство на неговите телохранители. Падрино не го наведе точниот број на убиени припадници на обезбедувањето на Мадуро.

Педрино го поддржа прогласувањето на потпретседателката Делси Родригез за ​​привремен претседател на земјата, врз основа на одлуката на Врховниот суд на Венецуела со која таа ја презема власта за период од 90 дена.

Тој рече и дека вооружените сили на Венецуела се мобилизирани низ целата земја за да го гарантираат државниот суверенитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе