Вести Култура

Изложбата со илустрации од Кондовски – исполнето ветување кон неговата сопруга 

Постарите да се присетат на илустрациите од сликовниците во детството, а денешните генерации деца да се запознаат со нив. Музејот на Македонија го презентира богатиот , фантастичен свет на илустрации, изработени од Димитар Кондовски , еден од нашите истакнати сликари кои влијаеле на развојот на современата ликовна уметност во Македонија, во шеесетите години на минатиот век. Изложбата ја подготвија синот на уметникот, Филип Кондовски и кустосот Јасминка Намичева. Таа вели дека поставката за прв пат по скоро половина век, интегрално ги прикажува илустрациите на Кондовски од 80-тите години на 20 век , а изложбата е организирана како исполнување на ветување кон сопругата на уметникот.

  • Имавме долг некаков, ветување на Хилда Кондовска. Пред десетина години работевме заедно на една изложба „ Уметникот за уметниците“ и токму тогаш Хилда ги извади сите овие илустрации, кажа Јасминка Намичева, кустос .

Насловена „ Димитар Кондовски и македонските бајки“, изложбата опфаќа 82 илустрации. Печатени се за прв пат 1986 година во сликовниците со македонски бајки, што ги објавила „ Детска радост“. Шестте сликовници биле печатени на пет јазици што се говореле во поранешната југословенска заедница. А, во 1992 изданието е препечатено во гигантски сликовници и додадена е седмата приказна за Силјан штркот. Во двете изданија, базата за илустрирање биле главно бајки од Цепенков и една од Шапкарев. Според Намичева, ликовната вредност на илустрациите на Димитар Кондовски, е во влијанието на византиското сликарство кај нив и секоја сликовница е своевиден учебник.

  • Ова е еден извонреден учебник на историја на архитектура , на историја на костим, традиционален костим. И тоа не само македонски костим , туку апсолутно се опфатени од сите краеви за кои што се зборува во бајките. Имаме извонредно претставени илустрации на флорални елементи. Она што е многу значајно , е што тој негов манир на реинтерпретација на фрескосликарството, односно иконописот, го применува токму тука, вели Намичева.

Кондовски се занимавал со илустрации на книги од млади години. Заедно со Цицо Поповиќ започнал по Втората светска војна да илустрира, најпрвин корици за книги, а потоа и нивната внатрешност. А, ги илустрирал и лектирните изданија, објавени во 70 -тите и 80- тите години на минатиот век. Изложбата со илустрации , за кои Намичева вели дека се капитал на македонската култура и уметност, јавноста ќе може да ја види до крајот на февруари во Музејот на Македонија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе