Вести Најважни Свет

Идентификувани се 113 повредени лица во пожарот во Швајцарија

Швајцарските власти ги идентификуваа најголем дел од повредените, но се уште тешко оди идентификацијата на загинатите. Досега е идентификуван само 16-годишниот Емануел Галепи од Италија. Според лекарите можно е бројката на починати да се зголеми со оглед на тешките изгореници.

„Во однос, прво, на 119-те повредени лица, и врз основа на елементите што ги собравме, 113 се формално идентификувани. Процесот на формална и дефинитивна идентификација е сè уште во тек за шест од нив. Меѓу повредените кои се формално идентификувани, 71 се швајцарски државјани, исто така броиме 14 француски државјани, 11 Италијанци, четворица Срби, еден Босанец, еден Белгиец, еден Луксембуржанец, еден Полјак и еден Португалец“, рече Фредерик Гислер, полициски комесар.

Повеќето од повредените се пренесени во болницата во Лозана во одделот за специјални изгореници, додека другите се на лекување во други градови во Швајцарија, а испратени се пациенти и во Франција, Италија и Германија. На местото на настанот пристигна и италијанскиот министер за надворешни работи рече дека сега е момент за да се спасат што е можно повеќе животи, а потоа да се логира и одговорноста.

Меѓу повредените е ѝ сопственичката на барот „Ле Констелејшн“ Џесика Морети, за која обвинителството ќе ја утврдува нејзината одговорност заедно со нејзиниот сопруг.

Обвинителката на кантон Вале посочи дека истрагата ќе се фокусира на работата во барот, употребените материјали, дозволите за работа, безбедносните мерки, противпожарните апарати, патеките за бегство и усогласеноста со прописите за пожар.

„Ќе постои можност да се испита дали постои кривична одговорност за поединци. Доколку навистина е така и овие лица се сè уште живи, против нив ќе биде отворена истрага за небрежно палење, убиство од небрежност и телесна повреда од небрежност“, изјави Беатрис Пилу, главен обвинител на кантонот Вале.

Швајцарија веќе прогласи петдневна жалост за најголемата трагедија која ја погоди земјата во поновата историја.

Tea Димковска

(Видео)Најмалку 40 жртви и над 120 повредени во трагичниот пожар во Швајцарија – првата идентификувана жртва е на 16-годишна возраст

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Усвоени измени на Законот за финансиски лизинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе