Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Тошковски се надева дека казнувањето со Сејф сити ќе почне од 1 февруари

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се надева дека Сејф сити ќе стапи на сила, односно дека казнувањето за сообраќајни прекршоци фатени на камерите ќе започне на 1 февруари. Тој вели дека пробната употреба на системот во Скопје во изминатиот месец придонело за намалување на бројот на сообраќајните несреќи и бројот на жртви и оти тоа е причина плус за да почне системот на функционира.

За да почне да се казнува за сообраќајни прекршоци снимени преку камерите на Сејф сити беа потребни измени на повеќе закони, кои беа донесени, но и измени на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик.

За измени на Законот за прекршоци е потребно двотретинско мнозинство кое владејачкото мнозинство го нема, а засега не е обезбедено. ДУИ веќе соопшти дека е против целиот законски пакет поврзан со Сејф сити. СДСМ и Левица не се изјасниле дали ќе ги поддржат измените.

Тошковски вели дека од почетокот на пробната употреба на Сејф сити во Скопје, во декември, бројот на сообраќајни несреќи е намален за 20 отсто, нема загинати, а бројот на повредени во сообраќајки е намален за над 35 отсто, во споредба со декември 2024.

„Јас би апелирал до сите пратеници во македонското собрание да ги имаат особено предвид овие параметри коишто ги напоменуваме и коишто се гледаат како позитивен резултат само од тест периодот со употреба на овој паметен систем за детектирање на сообраќајни прекршоци. Доколку македонските граѓани покажуваат вакви резултати во позитивна насока само во рамки на тест периодот, јас сум сигурен дека пратениците ова ќе го имаат предвид и во иднина и тоа како ќе овозможат ваков тип на еден паметен систем да го имплементираме така како што треба, не само во рамки на тест период и очекувам од сите 120 пратеници во Собранието да гласаат позитивно“, изјави Тошковски.

Камери од Сејф сите, освен во Скопје, се поставени и на автопатите и во Тетово и во Куманово, а се очекува годинава да бидат поставени низ целата држава.

Од една страна, системот треба да ја зголеми безбедноста во сообраќајот, но од друга, постои загриженост од можни злоупотреби, прекумерна контрола и недоволни гаранции за заштита на приватноста.

Срѓан Стојанчов

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

Банките во судир со Славески и Кочоска заради новите банкарски ценовници

Дејан Дејан

Одбраната на Богоев поднесе жалба – притворот е непотребен велат кривичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе