Дали првото бебе родено во 2025-та година беше симбол на надеж или само краток зрак светлина во мрачната демографска слика на државата? На Клиниката за гинекологија и акушерство годинава, повеќе новороденчиња од лани. Податоците охрабруваат, а лекарите велат негативниот тренд конечно е запрен.
- „Пред малку се породи 4026-то дете што значи дека оној тренд на пад на раѓање на нашата клиника го намаливме и јас искрено се надевам дека така е во секоја иституција и дека повторно младите ќе се охрабрат повеќе да раѓаат во нашата држава“, вели Ирена Алексиоска Папестиев директор на Клиниката за гинекологија и акуштерство
Статистиката покажува дека лани вкупно се родиле околу 16 000 бебиња на територијата на Македонија, слично како годината пред тоа, а претходните 3 години бројката на новородени деца беше меѓу 18 и 19 илјади годишно..
За таквата реалност, премиерот Христијан Мицкоски со порака дека, љубовта кон татковината се покажува со создавање семејство.
- „Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, нашата политика е про-лајф политика. Да испратам една порака до младите, да одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња. Од 2016-та до 2024-та година имаме за 6.000 помалку родени бебиња. Ако е една училница од 20 ученици, тоа значи 300 празни училници. Ако една училница е долга 20 метра, имаме 6 километри празни училници. Отприлика вака изгледа изумирање на една нација“, вели Христијан Мицкоски премиер на РСМ.
Додека државата повикува на повеќе деца, статистиката покажува дека колку е поголемо семејството, толку е поголем ризикот од сиромаштија. Повеќе од половина од семејствата со три и повеќе деца живеат под прагот на сиромаштија, а речиси секој втор самохран родител едвај преживува. Најпогодени се семејствата со пет и повеќе членови каде што повеќе од половината живеат во сиромаштија.
Симона Петровска
Б.С.
