Денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани.

Со раце го кршев ѕидот до влезната врата за да влезе воздух на девојчињата кои беа заглавени во тоалетот и да влезам и да ја најдам мојата ќерка Надица, сведочеше Габриела Наунова чија ќерка загина во пожарот во Кочани, на денешното рочиште за трагедијата. Надица ја викнале другарките за да одат на концерт ДНК во… Продолжи со читање
За денеска излагања имаат родители на загинати во трагедијата повикани како сведоци на обвинителството.
Меѓувреме, судијката информираше дека во ќелијата на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко бил пронајден мобилен телефон и го предупреди дека доколку ова се повтори ќе добие забрана за посети.
Денешното рочиште го следи новинарката Марија Митевска













