Воведување на вештачката интелигенција, зелената енергија, автоматизација и дигитализација како и геополотиката на светско ниво се едни од факторите кои влијаат на економијата, особено на европската каде доминантна е автомобилската и машинската индустрија.
Според Бишев ќе бидат потребни огромни инвестиции, со што во наредната декада се предвидуваат повисоки каматни стапки.
„Голем број на работни места ќе исчезнат, ќе се створат нови работни места, ќе бараат нови вештини. Иднината дефинитивно е во областа на вештачката интелигенција, во забавата, услугите. Според есејот на Кејнз го напишал во еден есеј пред 100 години – Најголем проблем ќе биде како да се справувате со слободното време , тој предвидел дека работната недела ќе трае два работни дена и дека работното време ќе изнесува 4 часа, дневно, а најголемиот проблем ќе биде обука и реобука на населението“, вели Глигор Бишев, поранешен претседател на фискалниот совет.
Според новиот бран на вештачка интелигенција се оди во насока голем број од работите ги врши вештачката интелигенција, не само мануелно, туку и она што е репетитивно во областа на умствената работа и на тој план се очекува поголемо слободно време и помалку работни часови.
T.Д.
