Вести Македонија Топ вести

Експертски критики за предложените измени на КЗ старите утре на дневен ред во Уставен

Предложените измени на Кривичниот законик (КЗ) имаат и полоши решенија од спорните измени на од септември 2023 смета обвинителката Ленче Ристоска. Таа објаснува дека на перфиден начин се заобиколува одговорност во одредени фази од јавните на набавки а има и декриминализирање на одредени дејствија што ќе предизвика несакани последици како што е запирање на истраги и судења

„Не може да зборувате за борба против корупција и да предложуте вакви измени. Тие две работи не одат заедно. Со предложените измени гледам се остава простор за нови злоупотреби се декриминализираат одредени поведенија што беа криминализирани а кај јавните набавки повредите се ограничуваат на многу мал дел а на другите повреди им даваме амин народски кажано. Во делот на несовесно работење во службата целосно се изземаат од одговорност вработените во органите на државната управа. Тоа се сите вработени во министерства, полициски службеници“, изјави Ленче Ристоска, обвинителка.

Уставен требаше утре да пресече за КЗ но откако минатата недела измените влегоа во собраниска процедура извесно е дека одлука утре нема да има. Претседателот на судот смета дека формално Собранието постапило по нивната забелешка со тоа што измените ги предложило во редовна процедура но содржината на предлозите не ја коментираше

„Јас не смеам да коментирам норми што не се дел од постапка и не се живи норми. Тоа го правиме во нашата судница. Овој предмет не е окончан. Утре ако биде повлечен од дневен ред како што е моето очекување затоа што имаме нова состојба ние ќе ги чекаме законските решенија да бидат објавени во службен весниик и на седница ќе бидат разгледувани и материјално и формално“, рече Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.

Професорот по уставно право Денис Прешова смета дека Уставниот суд требало да постапи похрабро и уште во февруари донесе да ги поништи спорните измени на КЗ или да донесе таква одлука со одложено дејство и под посебни услови да определи враќање на старите одредби од пред септември 2023та. Таква одлука според него Уставен може да донесе и утре

„Ако сметам дека во февруари требало да биде однесен таква одлука сега уште поургентна е потребата да се пресече овој јазол и да се стави крај на овие прашања. Сметам дека и сега ова што го прави Уставниот суд нема јасна правна основа во сопствените акти. Член 36 од актот јасно вели најмногу до 6 месеци и уставен е ставен позиција до оди спротивно дури и на сопствениот Акт“, рече Денис Прешова, професор по уставно право.

На панел-дискусијата организирана од невладината солуција, учесниците оценија дека честото менување на закони со различни казни е проблематично и води до правна несигурност.

Процедурите за КЗ ги следи и ЕК која во три извештаи наназад ги потенцира последиците од спорните измени на КЗ од 2023 година.

„Ние исто така бевме доста зачудени да видиме дека и покрај штетата која овие амандмани ја направија и дури имаше и лидери на партии кои кажаа дека биле грешка и покрај тоа што толку време е поминато речиси две години, ниту Владата ниту Собранието не дејствуваше. И покрај фактот дека во март беа повикано од Уставниот суд да ги преиспитаат тие одредби. Од наша страна, ЕК препорачува дека треба да биде донесен новиот КЗ усогласен со европското законодавство“, изјави Михалис Рокас, евроамбасадор.

Уставниот суд во февруари поведе постапката и му даде рок од 6 месеци на Собранието да ги смени спорните измени на КЗ. Но и по истекот на рокот законодавниот дом тоа не го стори а предлогот доаѓа 4 месеци подоцна, откако Уставниот суд му даде последна шанса на Собранието тоа да го стори до последната седница на Уставен која ќе се одржи оваа среда.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе