Вести Економија Топ вести

Ќе се користи мазут од државните резерви, на повидок кризна состојба

Ќе се трошат државните резерви на мазут, утре се очекува да биде прогласена кризна состојба. Таму има над 10.000 тони од овој енергенс.

И покрај тоа што се јавија потешкотии да се набави од Грција поради протестите на земјоделците, министерката за енергетика Божиновска уверува дека проблеми во снабдувањето со струја нема да има, ниту рестрикции.

Утре на владина седница ќе се разгледува барањето од ЕСМ за прогласување на кризна состојба на пазарот со електрична енергија, процес со кој ќе се овозможи потребните енергенси ЕСМ да ги црпи токму од државните резерви.

„Нема да има никаква криза, за граѓаните тоа нема да значи ништо, бидејќи државата има резерви на мазут, знаете дека има таму протести има веќе повеќе е од 50 дена неможност да се донесе мазут и тоа значи дека државните резерви ќе ги снабдат ЕСМ со мазут“, изјави министерката за енергетика Сања Божиновска  

Минатата недела од ЕСМ соопштија дека поради протестите во Грција потребниот јаглен се доставува со задоцнување, но поголеми проблеми имаат да обезбедат мазут од таму кој при производство на струја се користи во помали количини за да се зголеми калоричната вредност на јагленот.

На почетокот на месецов, ЕСМ објави и повик за прибирање за набавка на мазут за РЕК Битола и за Осломеј. Вкупно се бараа над 14.000 тони од овој енергенс. Имало тројца понудувачи. Договор е склучен со фирмата „Пертинакс ДООЕЛ Скопје“. Но, блокадите во Грција ги комплицираат работите за испорака, а поради санкциите овој енергенс во моментов може да се земе само од таму.

ЕСМ за јануари купи и струја од ТЕТО по цена од 119 евра за мегават час. Од компанијата тврдат дека нивната понуда била најповолна од сите.

Протестите во Грција траат веќе три недели. Најавите од таму се дека за божиќните празници нема да бидат на улица, но ако тамошната влада не ги прифати нивните  барањата, ќе продолжат со блокадите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азески во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори

Дејан Дејан

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе