Вести Свет

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за германскиот весник Билд, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е главна пречка за мирот во Украина.

Руте одговарајќи на прашање зошто е толку тешко да се стави крај на војната во Украина, посочи оти „причината е Путин“, кој е „подготвен да жртвува 1,1 милион свои граѓани“.

Оваа година неговиот (на Путин) напредок беше минимален: занемарливи територијални придобивки, помалку од еден процент од територијата на Украина од почетокот на годината и, според нашите процени, 1,1 милион луѓе се убиени или ранети на руска страна, наведе Руте.

Според него, неколку европски држави, доколку е потребно, се подготвени да испратат војници во Украина.

Се работи за дефинирање на прецизната структура на Коалицијата на подготвените: Како би се одвивало распоредувањето? Што би се случило на копно, на море, во воздух? Сите овие елементи сè уште се разработуваат, посочи Руте.

Тој истакна дека „има многу почит“ за американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи „тој е единствениот кој успеа да го доведе Путин на преговарачка маса и единствениот кој конечно може да го натера да склучи мир“.

Руте наведе и дека не очекува САД да ја повлечат поддршката за Украина и оти ќе продолжи размената на информации и испораката на оружје за Киев.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе