Вести Свет

Украина соопшти дека уништила два руски авиона Су-27 на Крим

Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека со дронови со долг дострел денеска бил нападнат рускиот воен аеродром Белбек на Крим, при што се погодени два авиона Су-27.

Еден од авионите полн со муниција беше на пистата подготвен за борбен лет. Уништен е. Проценетата вредност на двата авиона е околу 70 милиони американски долари, објави СБУ на Телеграм.

Исто така се тврди дека е погодена и контролната кула е погодена.

СБУ истакна дека тоа е втор успешен напад врз аеродромот Белбек изминатите денови. Беспилотните летала на СБУ пред два дена погодија руска опрема вредна стотици милиони долари на овој аеродром – два радари „небо-СВУ“, радар 92Н6 од системот за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“, систем за воздушна одбрана „панцер-С2“ и авион МиГ-31 полн со муниција.

Претходно, Генералштабот на украинската армија соопшти дека синоќа со дронови го нападнала руски воен брод „Охотник“, кој патролирал во близина на нафтена и гасна платформа во Касписко Море. Нападнатиот реон е оддалечен повеќе од 1.800 километри од украинскиот брод.

Во соопштението на ГШ на украинската армија се наведува дека во нападот погодена е и платформа за дупчење во сопственост на Лукоил. Според Киев платформата ги снабдувала руските сили.

Украина тврди дека развила борбени беспилотни летала со дострел од над 2.000 километри.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе