Вести Македонија Топ вести

Конгрес на Демократската унија за интеграција

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје ќе го одржи петтиот конгрес.

Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми на прес-конференција по локалните избори  најави дека на Конгресот ќе се реорганизираат и ќе ги обноват структурите.

По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.

Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици, соопшти ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“ со сомнежи за новиот управител на „ Euromax Resources“

Igor Trajkov

Зeмјоделците барат закон за спас на оризопроизводството

Igor Trajkov

Бесконечно докажување траен инвалидитет

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе