Украина сега не може да се приклучи на НАТО, затоа што САД, Унгарија и Словачка нема да се согласат со тоа, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференција во Варшава. Поради тоа, според него, едногласното одобрување за прием на Киев во НАТО не би било можно.
Руте додаде и дека земјите од НАТО во моментов подготвуваат систем на безбедносни гаранции за Украина, кој не вклучува нејзино членство во Алијансата.
„Безбедносните гаранции, во формата во која моментално се подготвуваат, имаат три слоја. Првиот се украинските вооружени сили и тие ќе бидат првата линија на одбрана. Втората линија на одбрана ќе биде она што ќе го осмисли „Коалицијата на волјата“, нешто што ние во Европа можеме заеднички да го гарантираме за одржување на мирот. И третиот елемент е она за што зборуваше американскиот претседател во август: сакаме САД да бидат дел од безбедносните гаранции“, рече генералниот секретар на НАТО.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека евентуалното членство на Украина во НАТО е закана за безбедноста на Русија. Тој нагласи дека ризиците од приклучување на Киев кон Алијансата се една од причините за започнување на Специјалната воена операција.
