Вести Македонија

Прекин на сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони кон Грција

АМСМ информира дека од 17:30 часот попладнево сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин.

Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен премин неколку дена во различни интервали од денот е блокиран за сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта на сите други правци се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти вечерва АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе