Руската централна банка најави тужби против европските банки поради обидите за користење на рускиот „замрзнат“ имот“, јавува „Ројтерс“.
Според наводи на „Ројтерс“, тужбите ќе бидат поднесени пред руските судови и ќе се однесуваат на плановите на Западот за искористување на рускиот „замрзнат“ имот за финансирање на помошта за Украина.
Најголем дел од рускиот имот од околу 190 милијарди евра, кој е „замрзнат“ по почетокот на војната во 2022 година се наоѓа во Белгија, поточно во финансиската институција „Евроклиар“ со седиште во Брисел.
„Ројтерс“ потсетува и дека Европската Унија сè уште нема постигнато договор дали и на кој начин ќе се користат „замрзнатите“ руски средства за финансирање на Украина.
