Европската централна банка (ЕЦБ) денеска со одлука за задржување на основната каматна стапка на два процента, нагласувајќи дека новите економски прогнози отсликуваат посветла иднина за економијата на Еврозоната по една година нестабилност.
Денешната одлука следува откако Банката пред три месеци ја ревидираше својата прогноза за економскиот раст на Еврозоната за оваа година од 1,2 на 1,4 проценти, со забелешка дека не се остварија стравувањата од првиот овогодишен квартал дека тензиите во трговските односи со САД би можеле да се одразат негативно врз европската економија.
„Очекуваме економскиот раст да биде поголем отколку во септемвриските проекции, особено поттикнат од домашната побарувачка“, се вели во соопштението на ЕЦБ.
По денешната одлука за висината на каматната стапка на ЕЦБ се очекува трошоците за кредитирање во Еврозоната да останат непроменети и во текот на 2026 година, освен ако не се случи некој голем непредвидлив економски шок.
