Лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на европскиот совет, Антонио Кошта објавена по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан.
– Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. Тоа е вистинскиот избор од три причини: Прво, од геополитичка перспектива. Проширената Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна европа. Второ, затоа што проширувањето го зајакнува нашиот заеднички просперитет. Секое претходно проширување го докажа ова, и Трето, затоа што европската унија останува привлечен и кредибилен проект и ние мора да ги исполниме очекувањата што ги создава. Проширувањето сега се движи побрзо отколку во последните 15 години. И ние мора да ја искористиме оваа можност, наведува кошта во изјавата.цврсто ја поддржуваат иднината на западниот балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на европскиот совет, антонио кошта објавена по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан.
