Вести Економија Топ вести

Владата ќе пресметува нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари

Синдикатите и Владата ќе имаат различни потрошувачки кошнички, кои треба да покажат колку пари им се потребни на македонските граѓани за да го преживеат месецот.

Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку за четиричлено семејство. На оваа тема се очекува да дискутираат синдикатите, работодавачите и Владата на 22 декември, за кога е закажан Економско-социјалниот совет.

  • Па видите ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, вели Ристески.

Владата ќе пресметува кошнички за двочлено, трочлено семејство и за пензионери, а Ристески најави дека Комисијата за заштита на конкуренција ќе ги објави и резултатите од работата на 30-те предмети.

Задоволен е од функционирањето на Законот за нефер трговски практики, кој откри картелско здружување на супер маркетите. Ги пофали и пазарните инспектори, кои при 20.000 контроли изрекле казни во висина од 2,5 милиони евра, а наредната година ќе има и повисоки казни за трговците.

Викторија Димитрова Јованова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе