Европската комисија ги ублажи плановите за целосна забрана на продажбата на нови бензински и дизел автомобили од 2035 година. Наместо 100% возила со нулта емисија, новиот предлог предвидува 90% од продадените автомобили да бидат еколошко безбедни, додека преостанатите 10% ќе можат да бидат бензинци, дизели или хибриди.
Промената доаѓа по силен притисок од автомобилската индустрија, особено од германските производители, кои предупредија дека слабата побарувачка за електрични возила може да доведе до милијарди евра казни.
Комисијата очекува дополнителните емисии да се компензираат со користење биогорива, е-горива и нискојаглероден челик произведен во ЕУ. Еколошките организации предупредуваат дека ваквиот чекор може да ја забави транзицијата кон електрични возила и да ја ослаби конкурентноста на Европа.
Дел од производителите, го поздравија предлогот како прагматичен, додека други сметаат дека попуштањето на правилата долгорочно може да ѝ наштети на европската автомобилска индустрија.
Т.Д.
