Вести Свет

Грчкиот Парламент го усвои буџетот за 2026 година

Со 159 гласа „за“, од кои 156 од владејачката Нова демократија и три од независни пратеници, грчкиот Парламент вечерва го изгласа буџетот за 2026 година со што и заврши петдневната расправа што започна во петокот, а гласањето, традиционално во Грција се смета како глас за доверба на актуелната Влада.

Гласаа 295 од вкупно 300 пратеници, а против беа сите опозициски партии.

Претседателот на Парламентот Никитас Какламанис соопшти дека петдневната расправа што започна во петокот траеше вкупно 66 часа, се обратија 250 говорници, од кои 211 пратеници, 31 член на Владата и осумтемина претседатели на пратеничките групи.

Буџетот, меѓу другото предвидува раст од 2,4 отсто, дополнително намалување на невработеноста на 8,6 проценти, зголемување на инвестициите, намалување на инфлацијата на 2,2 отсто.

На гласањето му претходеа говори на лидерите на партиите и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Поради гласањето на буџетот, синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција утрово започна 24-часовен штрајк, а претпладнево се одржа и мирен протест пред Парламентот.

Протест, попладнево одржи и синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Mоторциклисти возат без шлемови, а често и под дејство на алкохол

Дејан Дејан

Се очекува електронското потпишување на примирјето меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

Сиљановска – Давкова: Да имавме консензус поинаку ќе гледаа на нас – не треба да одиме надвор без да се договориме дома

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе