Не им е сезона, но главните состојки за шопска салата- доматот и краставицата среде зима имаат жешки цени.
Доматите на продажните места во пиљарите и маркетите, но и на пазарите се со цена и до 160 денари за килограм. Најевтино, може да ги купите за 135 денари, а оние поситни, ама само на пазар за 120 денари.
Краставиците пак се уште поскапи и минатата недела забележаа голем пораст на цената. Најевтино може да се најдат за 185 денари, а најскапата цена, во маркет е 229 денари за килограм.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
