Вести Магазин

Богати празници со „Лото 7“- 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон (ПР ТЕКСТ)

Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, треба да се сонуваат големи соништа. Играта на среќа „Лото 7“, е најдостапната дестинација за сонување и носи многу можности за изненадување.

Сите оние на коишто бројот 7 им е среќен број, ги потсетуваме дека од 10 до 31 декември играта на среќа „Лото 7“ дава уште точно 7 можности за 7-ка во 2025 година, преку 7-те кола во коишто ќе се извлекуваат добитните лото бројчиња.

Со предвремената уплата, можете однапред да учествувате во 7 последователни кола и безгрижно да ги прославите празниците, знаејќи дека вашата шанса за добивка е веќе обезбедена. Дозволете му на „Лото 7“ да ве изненади, уплатете навреме и уживајте во празничниот дух исполнет со надеж.

Со симболични 30 денари за една лото комбинација, си подарувате моменти исполнети со мечтаење, возбуда и она незаменливо чувство на исчекување. Секоја ваша лото уплата ви ја отвора вратата кон свет ‒ полн со нови можности и ви ја дава шансата да се запрашате: Што ако токму јас сум следниот добитник на големата седумка?

Тоа е патот по кој поминаа досегашните 28 среќни добитници на седумки од 2010 година до денес. Тие порачуваат дека секогаш треба да се верува во среќата и никогаш да не се изгуби надеж. За седумка досега се славеше во Битола, Куманово, Кичево, Кавадарци, Свети Николе, Тетово, Струмица, Неготино, Кочани, Охрид и во Скопје, а последната и најголема постигната седумка вредна над 1,7 милиони евра, беше освоена во Охрид во 2024 година.

Играта на среќа „Лото 7“ прерасна во традиција, којашто спојува генерации. Во исчекување на 29-тата седумка, потсетуваме дека со секоја уплатена комбинација се дава и придонес кон општествено корисни цели ‒ поддршка на науката, образованието, културата, спортот, животната средина и проекти од јавен интерес. И дека среќата е насекаде, само треба да ја побарате. (ПР ТЕКСТ)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти во август и во септември ќе се вклучат во работата на општините

Дејан Дејан

СДСМ: Игор Ивановски „Шема“, поради своите шеми, не го споменува Мицкоски

Дејан Дејан

Осомничен за кражби во црква и џамии – приведен тинејџер од Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе