Вести Економија Топ вести

Мицкоски – К-15 ќе има и за налозите што ќе стигнат во трезорот по 15 декември

Плати и К-15 за администрацијата ќе има без разлика дали налозите ќе стигнат по 15 декември, уверува премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Трезорот за буџетски плаќања нема да биде затворен утре, туку дека на институциите им е наложено да ги поднесат сите налози за плаќање за да има време да се обработат до Нова година. Сепак, најави дека ако некој задоцни ќе може да се направат исклучоци.

„Не реков јас дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември како дата кога сите институции е добро да ги достават сите оние тековни потреби, расходи и сите оние средства коишто треба да се пренесат до доверителите. Се разбира додадов дека ќе имаме толеранција и сега ако некој дојде на 20 декември готово, клучот на врата, завршена е работата. Се разбира дека толеранција ќе има, но идејата е да работиме со план. Затоа јас ги молам сите институции, еве не велам на 15 е готово и сега на 25 декември ако дојде некој со налог дека нема тоа да се прифати и ќе се одбие, но навремено да ги испланираме активностите за да не ни се случи сите да нагрнеме во 5 до 12 и некои од обврските останат неплатени, односно ги книжиме во следната година“, вели премиерот Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе