Од хотелите во кои се згрижени барателите на азил во Британија луѓето исчезнуваат секојдневно, објави SKY News кој се повикува на вработени во хотел во градот Епинг. Владата е под силните критики бидејќи не може да се справи со проблемот со бегствата на азилантите и вети посилни мерки во борбата против илегалната емиграција.
Британски медиуми објавија дека владата преговара со Македонија за сместување на мигранти на кои им е одбиен азил. Но, има и такви кои по 3-4 пати бараат азил и остануваат и по десетина години во Британија.
View this post on Instagram
